Професии на иднината од индустрија 5.0 - Успешно завршен уште еден проект ко-финансиран од Европската Унија

Со вебинарот одржан на 28 ноември, на кој ги претставивме последните три професии на иднината —

  • Верификатор на длабоки фалсификати (Deep Fakes Verifier) – професија што ја штити вистината, транспарентноста и довербата во дигиталната ера преку идентификација на манипулирани визуелни и аудио материјали.
  • Инженер за роботика за поврзување човек–машина – специјалист кој гради мостови меѓу луѓето и интелигентните машини, развивајќи системи што ја унапредуваат продуктивноста, пристапноста и безбедноста.
  • Куратор на податоци – клучна улога која управува, ги организира и ги заштитува податоците што го движат дигиталниот развој, иновациите и AI системите.

— официјално го затвораме проектот на кој посветено работевме во текот на изминатите 12 месеци.

 

Нашата цел беше јасна:

да донесеме мотивација, да поттикнеме отвореност кон можностите што ги носи иднината и истовремено да едуцираме за новите кариерни патеки кои веќе се појавуваат во светот на Индустрија 5.0.

Горди сме што создадовме серија настани и материјали што ќе им бидат од помош на кариерни советници, наставници, млади и родители да погледнат пошироко, да размислат подлабоко и да се подготват подобро за светот што доаѓа.


Огромна благодарност до нашите експерти Katerina Zlatanovska Popova и Aleksandra Ścibich-Kopiec и членови на тимот Там БлажевскаJana Nikova и @Olivija Georgievska кои ја вложија својата стручност, труд и посветеност во овој проект. Без нивната енергија и професионализам, ова патување немаше да биде можно.

 

Contact us

Follow us

1000 Skopje,
R.N. Macedonia

Scroll to Top